Ананасот е омилено тропско овошје кое се смета за супер намирница.
Ананасот во подрачјата од каде што доаѓа се употребува како помош во олеснувањето на болестите на грлото. Познато е дека свежо исцеден сок од ананас ефикасно го третира воспаленото грло ако неколку пати на ден со него се плакне устата и грлото..
Ананасот има висока содржина на витамин Ц, дури 30% од препорачаната дневна количина. Диетата богата со витамин Ц позитивно влијае на здравјето на срцето и на циркулаторниот систем и ја намалува болката во зглобовите предизвикани од артритис. Исто така ја спречува инфекцијата на увото, настинката и грипот.
Ананасот ја подобрува енергетската состојба на организмот поради витамините Б1 и минералот манган кои играат клучна улога во работата на ензимите за производство на енергија и антиоксидантна заштита на организмот.
Свежиот ананас содржи бромелаин – ензим кој помага во разградбата на протеините во телото, го подобрува варењето и делува против запалителните процеси.
Ананасот, исто така, го отстранува целулитот и помага во борбата против акните.