Лени Кравиц, големата светска музичка ѕвезда, деновиве на Македонија и подари многу љубов и позитивна енергија, а вчеравечер во СРЦ „Борис Трајковски“ на скопјани им приреди концерт, за кој уште долго ќе се зборува.

Уште од првите тактови, се создаде енергетска синтеза на музичарите и на публиката, а адреналинската атмосфера траеше нешто повеќе од два часа, до самиот крај на концертот. Лени (54), четирикратниот добитник на највисоките музички награди „греми“, кој со години ги освојува светските топ листи со своите хитови, во организација на „Авалон“ продукција, одржа концерт во Скопје, во рамките на европскиот дел на турнејата „Raise Vibration“, што почна на 28 април во Љубљана, а вечерва ќе настапи во Софија.

Деновиве, скопјани ја имаа привилегијата и во живо да го видат својот идол, кој се прошета низ центарот на градот и во Старата скопска чаршија, разговараше со луѓето, делеше автограми,се фотографираше. За ова свое искуство тој рече: „Јас најдов искрена љубов во Македонија, сретнав драги луѓе, разговарав, свирев, јадев со нив. Ви благодарам на сите, да сте благословени“, ги поздрави Лени посетителите на концертот кој до крај ја наполнија арената. Во неколкуте обраќања во текот на концертот, тој рече дека сите луѓе треба да го живеат животот без да го уништата светот и да се трудат да се обединат само за добри цели.

И со овој свој настап, Лени Кравивц докажа дека е како добро вино, оти годините не му можат ништо, а одличната форма, извонредниот глас и пред се желбата со своите песни да ги усреќува луѓето се негова водилка во долгодишната успешна кариера. Придружуван од извонредни музичари, засилени со дувачка секција, со придружни вокали, кои иако не беа експонирани добро си ја зваршија задачата и „вооружен“ со најсовремена техника која уште повеќе ја зголеми магичната амотсфера, со квалитетниот звук и светлосните ефекти, Лени престави пет песни од новиот албум, од кои, секако се издвојува „Low“, а недостаткот на познавање на новиот материјал, публиката го компензираше со овации, врескање и танцување на старите хитови.

Во еден миг, тој се симна меѓу публиката, и бурно поздравен од присутните, го обиколи целиот пертер. „Ја чувствувате ли и вие оваа енергија, оваа љубов“ – прокоментира тој, пред да продолжи со пеење.

Меѓу другите ги слушнавме песните: „We can get it all together“, „Fields of Joy“,„American Woman“, „Dig in“, „Who Really Are the Monsters“, „Stand By my woman“, „Bring It On“, „Dig In“, „Let Love Rule“, „Freedom Train“, „Stand By My Woman“, „Can’t Get You Off My Mind“ , „Mr. Cab Driver“…

Врвот на коцнертот, секако беше изведбата на големиот хит „Fly Away“ кога сите раце на присутните беа кренати, а атмосферата ушште повеќе се загреа со „Are You Gonna Go My Way“ кога целата арена се тресеше од добри вибрации. Тоа беше и официјалниот крај на концертот, а на бис Лени повторно ни подари нежни ноти, пеејќи ги баладите: „Here to love“, „Stillness of Heart“ и „Аgain“ во што му помогна и публиката, од која се раздели со зборовите: „Колку убаво звучите, ве сакам и ќе се вратам во Скопје, сигурно“. Ќе го држиме за збор.

Фотографиите се дело на Миладин Пaповиќ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСe породи Меган Маркл …машко е!
Следна објаваПринцот Хари и Меган Маркл го покажаа својот син!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР