`Филозофското друштво на Македонија`, со поддршка на Macedonian Film Agency, Град Скопје, Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje и Faculty of Philosophy – Skopje, а оваа година на наша огромна радост и со поддршка на единствената УНЕСКО катедра за филозофија за деца во светот – Chaire Unesco “Pratiques de la philosophie avec les enfants” и нејзината раководителка, проф. д-р Едвиж Ширутер, ве поканува на 9. Филозофски Филмски Фестивал со програмата ФИЛ(М)ОСОФИЈА ЗА ДЕЦА и нашата гостинка д-р Јоана Хокен (Johanna Howken) од Франција.

ЈОАНА ХОКЕН (Johanna Hawken) е доктор по филозофија и практичар чија страст за филозофијата и за светот на детството се поврзани во цврстото убедување за можноста од создавање филозофско образование за деца (од 5-16 годишна возраст). Водена од ова убедување, таа организира филозофски работилници низ цела Франција од 2009 год., а особено во Романвил (источен Париз) каде што ја создава Куќата на филозофијата / Maison de la Philosophie (https://maisondelaphilo-romainville.org) – експериментална структура посветена на филозофските практики со различни групи граѓани. Хокен има објавено повеќе книги од областа на филозофијата за деца, а во сите нив се огледува нејзиното верување дека филозофијата може да биде од корист за сите деца, овозможувајќи им вистински да ги пресретнат промените, низ заедничка рефлексија и во дијалог за нашето заедничко постоење.

3 MAJ (ПЕТОК)
ПРОГРАМА

12:30 – 14:30
Faculty of Philosophy – Skopje
Предавање: „Филозофијата за деца и истражувањето на светови“
Предавање за Филозофијата за деца, како и споделување на искуството од воведувањето на оваа филозофска практика во Франција (фокус: „Куќа на филозофијата“ во Романвил).

16:30 – 19:30
`Француски институт во Скопје - Institut français de Skopje`
Работилница: “Фиктивни светови, реални светови: Филозофијата за деца преку филмот”

Работилница за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО.

* пријавување на https://bit.ly/2XkvOl7, а повеќе информации на: contact@philosophicalfilmfestival.mk (максимум 20 учесници)

ФИКТИВНИ СВЕТОВИ, РЕАЛНИ СВЕТОВИ: ФИЛОЗОФИЈАТА ЗА ДЕЦА ПРЕКУ ФИЛМОТ
Честопати си мислиме дека филозофијата е една рационална, сериозна и херметичка дисциплина која размислува во еден апстрактен и крут свет. Но, во реалноста, филозофирањето, а особено со децата, претставува истражување на прашањата кои сите ние си ги поставуваме – прашања за животот, за светот, за луѓето. Покрај филозофијата, и филмот, исто така, се запрашува за егзистенцијата, но преку фикција. Преку неговата фиктивна, лудичка и истражувачка форма тој претставува една скапоцена основа за иницирање на филозофската пракса со децата.

19:30-21:00
Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje
Проекција на францускиот документарен филм за филозофската практика со деца „Ова е само почеток“ (Ce n’est qu’un debut, 2010) /

 

Слободен влез, ограничен број на места.

ИЗВОР;

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР