Вадим Зеланд е руски физичар, мистик и писател. До падот на Советскиот Сојуз, тој беше вклучен во квантните истражување, а сега се занимава само со пишување. Трансурфинг реалноста, би требала да му помогне на човекот да ги постигне своите лични цели.

Клучната мисла на теоријата на Зеланд е: “Реалноста постои независно од нас, се додека ние се согласуваме со тоа.”

И без оглед на тоа како неговите теории делуваат, како неодржливи и сомнителни, тоа што го кажал има тежина.
1. Научете како да чувствувате задоволство кога времето не е добро, чекате во ред, прекини, проблеми, било каква негативност. Таков вид на мазохизам, постепено ќе го расчисти небото над вашиот свет. Останува само да размислите за тоа, во каква корист ќе се претвори едната или другата непријатност за вас. А така и ќе биде – сами ќе бидете многу убедени во тоа.
2. Ќе го добиете тоа што силно го сакате, само тогаш кога ќе престете опсесивно да го посакувате.
3. Тешко е да се умее да се чека, а притоа да се сочува мирот, господарот на ситуацијата. Неопходно е да се издржи испитот на паузата, при што ништо не се случува.
4. Изразувајќи незадоволство од нешто или викање на некого – влада, државни службеници, фудбалери, време, колеги, соседи, роднини, а да не зборуваме за децата – вие рефлектирате во огледалото на светот грда слика и добивате соодветен одраз во реалноста.
5. Дозволете си да бидете свои – тоа значи да се прифатите себеси со сите ваши недостатоци. Дозволете му на другиот да бидат свој – така отстранете ја од него проекцијата на вашите очекувања. Како резултат на тоа, кога една личност сака нешто што другиот не го прифаќа, ситуацијата на неразбирлив начин се решава самата.
6. Во вашата реалност, го имате филмот кој се врти во вашиот “проектор”. Тоа што ќе го нацртате, тоа и ќе го видите.
Единствениот проблем е тоа што луѓето го прават спротивното: она што тие го гледаат, тоа го цртаат. Ја воочувате разликата?
7. Чудото се случува само во тој случај, ако ги срушите вообичаените стереотипи и не мислите за средствата со кои се служите, туку на самата цел.
8. Ако понекогаш чувствувате дека “не сте од овој свет”, или дека со овој свет “нешто не е во ред”, значи дека веќе сте или речиси целосно сте разбудени – прекрасно.
9. Ако упорно и цврсто го вртите во мислите својот филм и одите кон целта, реалноста порано или подоцна ќе дојде во согласност со тоа. Релноста едноставно никаде не исчезнува – такво е нејзиното својство. Не зависите само вие од реалноста, туку и таа од вас. Единствено прашање е, кој е господарот на иницијативата.
 10. Што недвосмислено не треба да се прави? Тоа е – да се разочарате во својот живот. Не смеете да мислите дека тој е неуспешен. Во ниедна возраст не треба да се мисли така. Во животот, ништо не е залудно. И сè уште се започнува – во било кое време, под било кои услови и околности.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали сте подготвени за новата колекција на Moschino X The Sims!
Следна објаваФилозофски Филмски Фестивал за деца во Францускиот Институт во Скопје!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР