Со својата љубов, страст и посветеност кон естетиката и внатрешното уредување познатата лондонска блогерка Geraldine Tan неодамна ги отвори вратите на својот дом во Лондон, кој изгледа инспиративно за пролетен `Make Over `на сите кои сакаат да внесат промена и пролетно освежување во својот дом.
Кога ќе ги погледнете фотографиите од нејзиниот прекрасен дом веднаш може да забележите ека доминираат живи, вибрантни бои кои во целост може да го подобрат вашето расположенние.
Џералдин е вистински професионалец во својата работа, во внатрешното уредување, а благодарејќи на својата визија и идеја, нејзиниот блог ја освои престижната награда која се доделува во областа на внатрешното уредување, дизајнот и лајфстајл.
Погледнете ја галерија на фотографии од овој инспиративно уреден дом.
Geraldine Tan