Една од најпосакуваните туристички дестинации во ова време на годината е посетата на земајата на изгрејсонцето, Јапонија. Секоја пролет традиционално се слави Фестивалот наречен Ханами-(Hanami), што во превод буквално значи гледање во цвеќето.

Токио, Кјото, Осака, Нагоја, се само мал дел од градовите каде може да се почувствува магијата на овој настан. За целосно уживање луѓето од оваа земја организираат дружења на отворено за да може во целост да ја почувствуваат тамошната магична атмосфера.

Црешовите цветови во Јапонија ги нарекуваат SAKURA преставуваат симбол на пролетта и создавање на нов живот но во истовреме ја симболизираат и ефемерноста на истиот. Момент на цветна контемплација, како што обожуваат да ја нарекуваат Јапонците на овој фестивал е во славењето на сегашниот момент.

Волшебно!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР