Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2019”, кој ќе се одржи по деветти пат во периодот од 18-ти до 23-ти март.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: роботска рака, сумо, Line Follower, Лавиринт, AI Football, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.

Оваа година за прв пат ќе се одржува категоријата RoboMac Junior во која ќе учествуваат средношколци од цела Македонија. Целта е да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција кај средношколците. Тие ќе имаат можност да слушаат предавања од професори и експерти во оваа област, но и да работат со едукативни роботи и да се натпреваруваат во програмирање и управување на истите.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 23.03.2019г.

За дополнителни информаци за категориите и пријавување, кое ќе трае до 10.03.2019г. посетете ја официјалната страна на RoboMac . RoboMac 2019 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазмислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!(Вечери на женските права)
Следна објаваОвие тонови се совршена нијанса за секоја сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР