Во знак на одбележување на овогодинешниот Меѓународен ден на Жената, во Кинотеката на Македонија и Младинскиот Културен Центар по дессети пат ќе се одржи настанот насловен како Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!

Со време траење од два дена, посетителите ќе имаат можност да ги слушнат размислувањата од страна на жени-говорници кои ќе зборуваат за својата работа на која се целосно посветени, а со која го забрзуваат и унапредуваат процесот на родовата еднаквост во нашето општество.

Настанот е под покровителство на Град Скопје, поддржан од UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии – Филозофски Факултет Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје и Шведската амбасада во Скопје.

Погледнете ја целосната програма за настанот;

ПРОГРАМА:
https://www.womensrightsnights.net/program-2019.html

06.03.2019, среда, Кинотека на Македонија

20.00: Изложба на студентска фотографија „F8“
Студенти на Универзитетот за аудиовиузуелни уметности ЕФТА, во соработка со студенти од Институт за родови студии – Филозофски Факултет Скопје.

20.30: Филмска проекција
Краток документарен филм
„ВОВЕД ВО I-TECH“ (Приказни од Шведска)
Проекција на документарниот филм „ТАА ЗАПОЧНА“,
Режија: Нора Поги, Инсија Саед

07.03.2019, четврток, Кинотека на Македонија

20.00: Филмска проекција
Кратки документарни филмови
„РОДОВИОТ ФОТОГРАФ“ и
„МОДНАТА БИБЛИОТЕКА“ (Приказни од Шведска)
Проекција на документарниот филм
„КОД – ОТСТРАНУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ЈАЗ“,
Режија: Робин Хаузер Рејнолдс

08.03.2019, петок, Младински Културен Центар

19.30, МКЦ Галерија
Отворање на изложбата „CHANGING REFLECTIONS“
Учеснички: Марија Ветероска, Ана Јовановска, Дита Старова Ќерими, Јана Јакимовска, Христина Зафировска, Михаела Јовановска, Катерина Ристовска, Розафа Шпуза, Маја Цук, Сузана Ардо, Ивана Смиљаниќ.

20.00, МКЦ Кино Фросина
Проекција на краткиот документарен филм
„ДРУГИТЕ ЗБОРУВААТ, НИЕ ПРАВИМЕ ! – КОН РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ВО ШВЕДСКАТА ФИЛМСКА ИНДУСТРИЈА“ (Приказни од Шведска)
Проекција на документарниот филм
„ГИК ДЕВОЈКИ“
Режија: Џина Хара

21.30, МКЦ Кино Фросина
Дебата РОДОВ ГЕЈМИНГ ЗА ЕДНАКВИ ПРАВА
Модератор: Ана Јовковска
Учесници: Аријана Коскарова (Creative Hub); Ива Михајловска (NapNok); Ирена Н. Чаушевска (Next Billionaires Capital, New-Man’s Business Accelerator); Климентина Илијевски (Паблик, Лице в лице); Петар Ниновски (Brainster); Тамара Котевска (Honeyland)

22.30, МКЦ Фоаје Кино Фросина
Коктел забава со „СТРАНА Б“

Говорници на 10те Вечери на Женските права подолу на фотографијата!

Source;Women’s Rights Nights

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава`Voynich manuscript`-Неоткриената мистерија
Следна објаваRoboMac 2019 – натпревар по роботика и автоматика во Македонија
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР