Хип хоп легендата и некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“ пристигна во Скопје, каде вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи со двочасовен диџеј сет.

Неговото прво настапување во Скопје е дел од големата турнеја „Hip-Hop: People, Places and Things“. Она што ќе го видиме е своевиден музички времеплов и едукативен час за се она што значи хип хоп од 70те години, па се до денес. Настапот е во организација на 3Гонга во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.  

Хип хоп легендата Joseph Saddler е некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“. Овој историски хип хоп бенд има издадено два култни албуми „The Message“ во 1982 година и „On the Strength“ во 1988 година. Синглот „The Message“ е се уште еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека се првата hip-hop група која станала член на „Rock & Roll Hall of Fame“.

Grandmaster Flash ги има креирано некои од техниките кои и денес се стандарден дел од диџеј науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последнава декада тој издаде еден мемоар, започна свое радио шоу, ја доби “BET I am Hip-Hop Icon” наградата, се појави на видео игра, а неговиот лик е дел од Netflix серијалот “The Get Down”. Човекот кој го сметаат за главен „виновник“ што денес грамофонот е музички инструмент, во моментов работи на својот 12ти студиски албум.

Влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase.com и www.karti.com.mk.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУникатен лустер инспириран од Coco Chanel!
Следна објаваКарим Рашид дизајнира за брендот Кросно!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР