По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Скопје Сити Мол во соработка со Ансамбл Македонија, ја организираат првата јавна поставка на староградски модни изгледи на жената во Македонија насловена како “Македонската Мода од минатото“.

Изложбата “Македонската Мода од минатото” е изложба во која се претставени експонатите од Ансамбл Македонијакои покриваат староградски модни изгледи во период од 19ти и 20ти век на жената во Македонија. На изложбата се претставени 18 експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.

Изложбата ќе може да се погледне од 25-ти февруари до 09-ти март во атриумот на приземјето на трговскиот центар, кој ќе биде адаптиран како музејска галерија со високи стандарди. Ова е втор настан од ваков тип организиран во нашата држава, после ланската музејската поставка во Скопје Сити Мол каде експонатите ќе бидат изложени во јавен објект, a со тоа Ансамбл Македонија ќе се им доближи на граѓаните на модерен и неконвекционален начин. Како круна на оваа поставка на 8ми март Ве очекува и специјален моден настан под името “Моден времеплов на жената во Македонија од 19ти до 21 век. Модниот настан е од отворен карактер и стартот е закажен за 19:30 часот.

Повелете и бидете дел од овој нескојдневен моден времеплов!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма во Јавна Соба 25.02. 2019
Следна објаваТејлор Хил во новата кампања на Ралф Лорен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР