Францускиот стил е вечна инпирација посебно за вљубениците на убавото и естетиката. Во оваа пригода за вас одвоивме неколку корисни совети како вашиот дом да наликува на француските домови. Прочитајте!

  1. Додадете златна нијанса во вашиот дом!

За да вдахнете по малку од францускиот шик во вашиот животен простор потребно е да додадете по некој детаљ во златна боја, на пример слики во златни рамки. Во Француските домови постојат т.н ‘‘Галериски зидови” на кој се наоѓаат слики во златни рамки. Многу елегантно!

2.Украсете го домот со полско цвеќе.

Шармантен украс може да изгледа полското цвеќе како украс во вашиот дом. Сончогледи, љубичици… Што поприродно,тоа поубаво. Направете аранжман од повеќе врсти на полско цвеќе, нека вашиот дом замириса на росна ливада.

3. Имајте барем едно парче кадифен мебел!

Едно парче мебел тапаиран во кадифе е сосема доволен да внесете елеганција во домот. Француските жени повеќе преферираат Ретро стил одошто модерен. Зошто да не пробате и вие!

4.Одржувајте го својот балкон!

Направете од вашиот балкон пријатно,релаксирачко место каде ќе може да уживате во пиејќи го своето омилено кафе или друг вид на пијалок.

Совет плус ;Вдомете си убава мачка!!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР