Со наслов ,,Жената низ призма на очите на уметниците”, Националната Галерија на Македонија (НГМ), по повод денот на жената 8ми март ќе постави изложба со тематика на приказ на жената како вечна инспирација во уметноста.

Жената како непресушна инспирација и како муза во светот на уметноста е присутна почнувајќи од предисторијата па се до модерната уметност.

На овогодинешната изложба ќе бидат презентирани дела како од наши реномирани така и од странски автори кои жената ја преставиле со сета своја убавина како идеал, мајка љубовница, борец…

Во колекцијата се застапени дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…), но и помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.) како и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…)

Изложбата ќе биде отворена во 20.00 часот на 7ми март во Националната Галерија на Македонија(НГМ).

Рубенс Корубин

Влахо Буховац

Ацо Станковски

Иван Мештровиќ

Тома Росандиќ

Лазар Личеновски

Петар Мазев

Борко Лазески

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР