Почитувани,

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на
НОЌТА НА ИДЕИТЕ ВО СКОПЈЕ, НАСЛОВЕНА „КАКО ФИЛОЗОФИЈАТА ЈА ГЛЕДА
ИДНИНАТА“, КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ В ЧЕТВРТОК, 14 ФЕВРУАРИ 2019, ВО 18 ЧАСОТ, ВО ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ.

„Ноќ на идеите“ е меѓународна манифестација, која се одржува во сите
Француски институт низ светот, на иницијатива на Францускиот институт во
Париз и француското Министерство за култура и Министерството за надворешни
работи, а претставува покана за отворен дијалог за запознавање со предизвиците
наспроти кои денес е исправена науката, како и за размена на мислења околу актуелните проблематики на денешницата.

Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дебата помеѓу Г-ЃА ДЕЛФИН МОРАНА
БИРЛО, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон Сорбона, и ПРОФ. Д-Р АНА
ДИМИШКОВСКА, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет
во Скопје.

Дел од темите на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се предизвиците
со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век, местото на историјата на
уметност помеѓу минатото и иднината и за тоа како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието. Дебатата е отворена за публика и за истата има обезбедено консекутивен превод.

Г-ѓа Делфин Морана Бирло ќе земе учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, која е во организација на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржува од 11 до 15 февруари 2019.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖената низ призмата на очите на уметниците-изложба во НГМ!
Следна објаваНова кампања на Guess „Vibras“ со J. Balvin!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР