Група канадски лекари направија проект, се со една цел, а тоа е да се помогне во подобрување на здравствената состојба кај луѓето кои имаат некои видови физички и психички проблеми. Станува збор за пилот-проект со кој се дозволува на околу стотина здравствени работници(лекари) како терапија да препишуваат посета на уметнички галерии и музеи.

Позитивната промена која поседува хуманистичка вредност може во значителна мерка да придонесе за подобрување на квалитетот и благосостојбата на човекот.

Уметноста како човекова активност и како производ или идеја за истата е тесно поврзана со човековите сетила, емоции како и со интелектот. Токму поради оваа причина лекарите сметаат дека посетатите на уметничките галерии како и на музиете би придонеле за регулирање на нивото одредени хормони кои се важни за постигнување среќа и благосостојба кај човекот.

За да може прецизно да се утврдат резултатите од овој проект, редовно се вршат анализи во врска со споменатиот проект, за да може што повеќе музеи да се вклучат во него.

Директорката на MMF, Nathalie Bondil изјави за RElax News дека се надева дека културното искуство значително ќе придонесе во развојот на општата духовна состојба кај човекот, како што на пример спортот придонесува за физичката добра состојба.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма во Јавна Соба 11.02. 2019
Следна објаваУбавите жени-Блаже Конески
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР