Исцелител ќе има широка кино дистрибуција во Италија! Oд 21-ви февруари филмот ќе започне да се прикажува во кино салите во Бергамо, Милано, Рим, Болоња, Катанија и Торино, а набргу потоа и во други градови во Италија.

Исцелител ќе го дистрибуира „ЛАБ80 Филм“, компанија која од 1976 се занимава со дистрибуција и продукција на филмови и организација на фестивали. Таа е дел од Лабораторио 80, една од најстарите филмски едукативни асоцијации во Италија, основана 1956 година во Бергамо.

ЛАБ 80 дистрибуира независни и артхаус филмови. Во својот каталог нуди остварувања на Вендерс, Фасбиндер, Херцог, Гринавеј, Лив Улман, Кишловски, Илдико Енједи, Такеши Китано, Бела Тар, Џармуш и други. Но исто така посветена е и на дистрибуција на класици меѓу кои и филмовите на Дреер, Бресон, Трифо, Тарковски, Лубич, Вајлдер, Фриц Ланг, Орсон Велс и други.

Во нивниот каталог се: „Рубљов“, „Ивановото детство“, „Соларис“, „Сталкер“, „Денот на гневот“, „Гертруда“, „Ордет“, „Страдањето на Јованка Орлеанка“, „Дневникот на селскиот свештеник“, „Украдени бакнежи“ и многу други.

Италија е трета земја во која Исцелител ќе има кино дистрибуција. На почетокот на јули минатата година филмот играше во кино салите во Грција, а во Македонија се прикажа во 28 градови и имаше повеќе од 24 000 гледачи. Беше прикажан и на 52 филмски фестивали во светот и освои 15 меѓународни награди.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје и во копродукција со ГРААЛ С.А. од Грција.

Повеќе податоци за дистрибуцијата во Италија има на следниот линк: http://www.lab80.it/distribution/film/1414

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСите благодети од аронијата!
Следна објаваStella McCartney ја претстави новата колекција на очила!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР