Белгискиот мастер шеф, Марк Де Јонг секогаш трагајќи по различни “мисии” кои се тесно поврзанисо кулинарството, традицијата и вредностите ќе биде ШЕФ, домаќин на осумнеделниот курс за готвење на француска кујна.

“Потребни се иновации, дури и во моментот кога се обидуваш да го организираш слободното време. Размислував многу за близината на француската кујна со оваа нашата, македонската! Природните состојки и малку љубов верувајте даваат фантастично уживање за непцата. Осум неделниот курс е доволно за да се навлезе во тајните и начинот на подготовка на француските специјалитети (багет, супа од кромид, џигер од патка, различни pate-a, дресинг (сосеви), месо и друго. Но, најважниот момент е кулинарскиот менаџмент, односно менаџирање на процесите за подготовка на храна и одличната атмосфера каде верувајте ќе стекнете нови пријателства”. – вели шефот Марк де Јонг.

Со завршување на курсот, секој “дома” ќе си понесе неверојатно искуство, професионални техники на готвење и тајните на француските рецепти.

Програмата е дизајнирана на модел на практична работа која ќе ја пренесува Мастер Шефот Марк, кому француската кујна му е специјалност. Сè ќе се одвива на база на кулинарска демонстрација која подоца истата учесниците ќе ја подготвуваат самостојно или во пар.   

Овој курс е наменет за сите оние кои душата си ја “негуваат” запознавајќи нови вештини, луѓе кои сакаат да дебатираат на најразлични теми преку добра храна и чаша вино, индивидуаци, гастрономи во душата, оние на кои кујната им е простор за инспирација.

Пријавувањето за курсот со Мастер Шеф Марк Де Јонг трае до 16. февруари, а програмата започнува на 20.февруари. Пријавете се со испраќање на e-mail на: info@publicroom.org.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПланирајте да го посетите Бахреин и најголемиот подводен забавен парк!
Следна објаваЗошто бебињата треба да спијат со својата мајка до возраст од три години?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР