Нуркачи и љубители на подводниот свет – подгответе се за земјата на чудата што ве чека во Бахреин …
Во обид да го подобри својот туризам и глобален углед, оваа земја одлучи да го отвори својот прв подводен забавен парк. Закажан да се отвори ова лето, овој парк ќе биде атрактивно место за сите љубители на нуркањето, а ќе биде еден од првите што ќе го смести гигантскиот Боинг на својата површина.
Со простор кој е поголем од 100.000 квадратни метри, паркот ќе содржи 70 метри долг авион Боинг 747, најголем од ваков вид кој некогаш бил потопен под вода. Одделот за нуркање, исто така, ќе содржи традиционален дел на бисери, вештачки корални гребени и други фигури, изработени од одржливи и еколошки материјали. Целиот овој проект настана како дел од партнерството со Советот за животна средина, туристичката организација на Бахреин и приватниот сектор на оваа земја.
Како што најави личниот претставник на Неговото Височество кралот Хамад, претседателот на Советот за животна средина, Шеик Абул бин Хамад Ал Калиф, овој парк ќе го олесни зачувувањето на морскиот живот и ќе претставува безбедно опкружување за растот на коралниот гребен.
Минатата година, Обединетите Арапски Емирати, исто така, ги објавија плановите за создавање на корална градина покрај брегот на Фуџира, проект кој има за цел да ја двлезе во рекордната книга на Гинис како една од најголемите од ваков вид во светот.