Ако некогаш планирaтe да ја посетите Јужна Африка, особено Wellington, земја на виното, не постои подобро место за одмор од оваа елегантна вила …

Grand Dedale Country House е магичен хотел со пет ѕвездички, каде што ќе се чувствувате како дома, благодарение на прекрасните парчиња мебел, луксузни постелнини и неколку софистицирани детали.

Силните зраци од африканското сонце ќе ја исполнат вашата спална соба и ќе ве будат секое утро додека сте на оваа живописна локација, што е идеална почетна точка за истражување на многуте блиски винарски визби. Сепак, тоа не е сè што можете да направите за време на вашиот одмор во Grand Dedale.

Гостите можат да одат на турите за пешачење, јавање коњи и возење на велосипеди, а исто така има и романтични прошетки покрај реката, која ќе ги одушеви заљубените парови. Тука се е можно, па дури и риболов, кајакарство, голф и уживање во голем број на релаксирани активности.

Можете да се одморите покрај базенот со солена вода додека се подготвувате да ги откриете винариите кои вас ве чекаат.

Во меѓувреме, мораме да спомнеме дека оваа вила има само шест поединечно дизајнирани спални соби и посебна камена колиба.

Прекрасната вила има деликатни бои, ексклузивен мебел и многу други шармантни работи. Тука се сведува на уживање во животот, со чаша добро вино.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата Chloe C Double торба го залуде модниот свет!
Следна објаваСтан во Њујорк од 29 милиони долари!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР