Совети како да го разубавите просторот во секоја соба

Секоја соба има нешто посебно, што ни го прави пријатен престојот во неа. Се разбира, надвор е подеднакво пријатно и прекрасно, но кога ќе си дојдете дома, природно е да сакате да се релаксирате, уживате и подолго време да останете дома.

Постојат многу совети за декорирање на домот, а и ние ќе ви понудиме неколку, за правилно декорирање на просторот во секоја соба. Бојата, текстурата и креативноста, можат да направат личен и волшебен свет во вашиот дом. Погледнете ги нашите идеи и трансформирајте го вашиот простор во прекрасно, пријатно место за уживање и релаксација.

  1. Фокус на бојата

Иако сме фанови на неутрални тонови, има нешто посебно во силните тонови што го прават просторот попријатен и удобен.

  1. Огледала

Доколку сакате да го направите вашиот простор визуелно поголем, користете огледала. Декорирањето со огледала е лесен начин да го направите вашиот простор да изгледа поголем, посветол и поотворен.

  1. Додадете декоративни елементи

Еден од најлесните начини да го разубавите просторот е да додадете декоративни, инспиративни елементи.

 

  1. Збогатете го просторот со природни зелени растенија
    1. Внесете природна светлина во домот – Потребата од природна светлина во домот е можеби најважна бидејќи ја прави атмосферата посмирена и ги прави работите многу поедноставни за целокупниот дизајн.6. Не плашете се да експериментиратеСите домови кои ги сакаме имаат едно нешто заедничко – креативност, затоа не плашете се да ги реализирате вашите кретивни идеи и внесете посебна енергија во домот.7. Додадете текстураОд тепих на паркетот, до расфрлени перници и пријатни ќебиња, текстилот помага да се создаде визуелен пријатен простор (плус, кој не го сака чувството на супер-мек килим под нозете?).
СПОДЕЛИ
Претходна објаваHOOVERPHONIC доаѓаат во Скопје
Следна објаваЕлегантни свадбени букети!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР