ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ НА ИЗВОНРЕДНИТЕ HOOVERPHONIC ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА!
ДАТА: 29.03.2019 година

Драги пријатели,
Ако во животот постојат концерти што се прават од љубов, тогаш тоа е следниот наш концертен проект за оваа година кој со задоволство сакаме да ви го најавиме.

Станува збор за концертот на извонредниот трип хоп бенд HOOVERPHONIC кој ќе се одржи во Скопје, во рамки на својата балканска турнеја, која е исто така ќе биде во организација на Авалон Продукција, и тоа во Загреб, Белград и во Софија.

Скопскиот концерт е закажан за 29-ти март во салата на Македонската филхармонија, која е најадекватна за музиката на овој бенд.

HOOVERPHONIC e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи единаесет нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.

Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за прв пат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“ и уште многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16.01), а сите информации околу цените на билетите ќе бидат објавени утревечер на ова исто место.

Одиме понатаму,
Авалон Продукцијa

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBella е вашиот омилен бренд, a вие сте модерна дама? Имаме изненадување за вас!
Следна објаваKако да го разубавите просторот во секоја соба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР