Лекување или терапија со музика се  нарекува музикотерапија, област која датира уште од времето кога живеел големиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт. Неговите дела и денес се користат во терапевтски и превентивни цели. Тој е еден вид на `Spiritus Movens` на овој моќен и духовен правец кој е во служба на постигнување на духовна хармонија на човекот.

Проф др. Русељ Блаво, кој патем е ректор на Медицинската Академија во Сант Петерсбург во своите научни истражувања го потврдил взаемното лековито дејство на музиката, односно музичките инструменти и нивното благотворно дејство на човековите органи. Така на пример харфата со својата магична вибрација највеќе се користи во лекување на пциенти кои боледуваат од бронхитис и брохиална астма, како и при вежбањето на јога во практикување на вежбите за правилно дишење.

Со оглед на фактот дека во тој дел од човековото тело се наоѓа главното градно стебло (ductus thorac), звучите на овој софистициран инструмент имаат многу значајно позитивно влијание во справувањето со заболувањата на градниот кош.

Гитара за здраво срце

Со звуците на овој инструмент и песните кои се запишани на врвот на аморовата стрела кој цели да ја погоди најчувствителната цел, овој вид на терапија највеќе се препорачува во лекувањето на срцевите заболувања.

Пијано за здрав желудник

Започнете го денот со звуците на пијаното и подобрете ја внатрешната хармонија.

Виолина за здрава жолчна кеса

Звуците и вибрацијата која ги шири овој суптилен инструмент во голема мерка ќе придонесат за работата на вашата жолчна кеса.

Флејта за здрава јетра

Ако чувствувате лутина и бес, се препорачува да слушате музика каде е застапена флејтата, ангелските звуци на овој инструмент ќе го редуцираат ова негативно чувство, а при тоа ќе ја зголемат вашата креативна енергија.

Дозволете си себе си да го започнете денот со слушање на релаксирачка музика и така да ја подобрите внатрешната хармонија, и не дозволувајте да ве обземат негатива чувстава. Останете позитивни и во добро расположение.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР