Таа е една од најубавите и најпосакуваните жени во светот. Моника Белучи, италијанска актерка, како што многумина ја нарекуваат модерна божица. Нејзината појава никого не го остава рамнодушен. Успешна актерка, мајка на три деца, говори три јазици и секојневно практикува јога и медитација.

,,Жената може да сака толку силно, што се чини дека никогаш не би заминала од човекот што го сака”… Но…(Моника Белучи).

Следниве нејзини совети се многу поучни за женскиот дел од популацијата!

  1. Никој не ни припаѓа исклучиво само нам, ни нашите сопрузи, ни нашите деца. Единствено нешто што можеме да сториме е да ги споделуваме убавите нешта со нашите сакани.
  2. Луѓето може да простат нечив ум, талент или интелект, но убавината никогаш.
  3. Да се старее значи да се биде подобар во секој поглед.
  4. Убавината треба да ни помогне во пронаоѓање на хармонија, љубов и пронаоѓање на смисла во вашиот живот.
  5. Човековото знаење секојдневно се зголемува, за жал не и емпатијата кај луѓето.
  6. Женската увбавина е поинтересна само ако е скриена.
  7. Немојте да ги презирате и мразите луѓето кои ви завидуваат, со тое тие признаваат дека вие сте подобри од нив.
  8. Секогаш им велам на младите девојки да го прифатат своето тело токму такво какво што е, бидејќи совршенство и онака не постои.
  9. Љубовта постои кога постои почитување и слобода помеѓу партнерите. Желбата да се поседува некој е апсурдна.
  10. Колку и да е силна една жена, таа сепак посакува посилен маж до себе. Но, не да ја ограничи во нејзината слобода туку да и даде можност да се почувствува женствено.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР