Супермоделот Наоми Кемпбел може да се нарече икона на модната индустрија, бидејќи нема ниту еден човек во светот кој не слушнал за неа или видел барем една од нејзините фотографии од модна писта …

Во согласност со нејзиниот статус, Наоми поседува и недвижнини кои совршено и одговараат. Некои од нив ги купила со свои пари, а некои, како куќата која ви претставуваме овој пат, ја купил нејзиното поранешно момче, рускиот милијардер Владислав Доронин.

За нејзиниот четириесет и први роденден, Владислав и ја подарил оваа неверојатна викендица, обликувана како египетско око. Овоа самоодржливо ремек-дело е создадено од архитектот Луис де Гаридо и се наоѓа на островот Исла Плаја де Клеопатра, во заливот Гокова.

Нејзиното милијардерско момче, ја редефинирал важноста на сите свои подароци. Во подарокот, тој го вградил античкиот египетски симбол на заштита, кралска моќ и добро здравје, така што тоа навистина би било место каде што неговата љубов може да го нарече свој дом.

Воодушевувачки каква што е, куќата која тука се наоѓа е во форма на стаклена купола и е целосно енергетски и водено самоодржлива, а има и неверојатна тераса со затворен простор, дваесет и пет спални соби и пет ложи.

Како што велат легендите, Антоние и Клеопатра пливале во овие води и се одмарале на овие плажи, чиј песок со бродови бил донесен од северна Африка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни новогодишни елки!
Следна објаваИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД ЛИКОВНИОТ УМЕТНИК СЛАВЧО МАКСИМОВСКИ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР