Ве известуваме дека на 5 декември (среда), со почеток во 20.00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи презентација и разговор со Башак Шенова, кураторка и дизајнерка.

Во скопје таа ќе го претстави проектот CrossSections, интердисциплинарна платформа за уметничките истражувања, дијалозите и продукцијата. Во текот на три години (2017-2019), со учество на 19 уметници, овој проект планира соработка со научници, уметници и културни работници, одржувајќи групни и јавни состаноци, работилници, изложби, претстави и разговори ќе се одржат во Виена, Хелсинки и Стокхолм.

Уметниците учесници се Барбара Холуб (Австрија), Гоџе Илкин (Турција), Маркус Нојстеттер и Бронвин Лекс (Јужно Афричка Република), Рикарда Дензер (Германија), Бежад К. Нори (Шведска), Хеба Ј. Амин (Египет), Николаус Ганстер (Австрија), Тамсин Сноу ( Велика Британија), Бенџи Бојадџиан (Финска/Палестина), Инма Херера (Шпанија), Нисин Букари (Сирија), Тимо Тухаканен (Финска), Ото Карвонен (Финска), Егл Оддо (Италија), Лина Селендер (Шведкса), Рамеш Даха (Австрија) и Јане Чаловски (Македонија).

CrossSections е организиран во партнерство со iaspis – Меѓународна програма за визуелни и применети уметници на Шведската влада и Констфак, Универзитетскиот за уметност, занаетчиство и дизајн и НКФ – Nordiska Konstförbundet (Nordic Art Association) во Стокхолм; Nya Småland Шведска; ХИАП – Меѓународна програма за уметници од Хелсинки и Универзитет за уметности Хелсинки – Академија за ликовни уметности во Хелсинки; Центар за современи уметности од Талин; и Проектниот простор Прес ту Егзит во Скопје.

Башак Шенова (Basak Senova) е кураторка и дизајнерка. Студирала литература и графички дизајн (MFA in Graphic Design and Ph.D. in Art, Design and Architecture at Bilkent University) и била дел од 7. Програма за обука на куратори на Stichting De Appel, Амстердам. Има пишувано текстови за уметност, технологија и медиумите, иницирајќи и развивајќи проекти и курирајќи изложби, од 1995 година.

Шенова е уредник на art-ist 6, Kontrol Online Magazine, Lapses book series, UNCOVERED, Aftermath и други публикации. Таа е уреднички дописник за ibraaz.org и еден од основачките членови на NOMAD, како и организатор на “ctrl_alt_del” и “Upgrade!Istanbul”. Шенова беше куратор на турскиот павиљон на 53. Биенале во Венеција. Како асистент, таа држи предавања на различни универзитети во Истанбул, како Kadir Has University, Bilgi University и Koç University. Таа, две години по ред, ја курира колекцијата на Zorlu центарот (2011-2012). Ко-куратор е на UNCOVERED (Кипар) и 2nd Biennial of Contemporary Art, D-0 ARK Underground (Босна и Херцеговина). Во 2014 година, таа е дел од Art Gallery Chair of (ACM) SIGGRAPH 2014 (Ванкувер), куратор е на Helsinki Photography Biennial 2014 и Jerusalem Show.

Таа беше  куратор и на Македонскиот павилјон на 56-тото биенале во Венеција, претсттавен со проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски.

Гостувањето на Башак Шенова е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторски размени 7: Курирање урбани заедници“.

Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани се од Министерството за култура на Република Македонија. 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Ритамот и звукот на Африка: кон корените на светската музика“
Следна објаваПокана за вечерта посветена на Фрајраум-проектот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР