Гете-институт Скопје со задоволство Ве поканува на

ВЕЧЕРТА ПОСВЕТЕНА НА ФРАЈРАУМ-ПРОЕКТОТ (FREIRAUM) НА 07.12.2018 ВО 19:00 ЧАСОТ ВО МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ВО СКОПЈЕ

Проектот Фрајраум (Freiraum) има за цел да истражи како се доживува поимот слобода во градовите во Европа. Кои прашања произлегуваат кога граѓаните, научниците и културните работници локално размислуваат за поимот „слобода“? Кои проблеми може да се препознаат во градот? Со динамичната размена на своите прашања ширум Европа, развиваат 42 Гете-институти и нивните партнери од уметноста и граѓанскиот
сектор креативни одговори.
Во рамките на својот прекуграничен, европски Фрајраум-проект (Freiraum)
Гете-институт по случаен избор одреди 19 тандеми кои формираат тим за да
развијат нови идеи на темата „слобода“.
Гете-институт Скопје и неговиот партнер Контрапункт, здружението за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни теми, работат во тандем со Гете-институт Копенхаген и неговиот партнер, Фестивалот за архитектура во
Копенхаген.
Скопје и Копенхаген се договорија за заеднички формат: Фрајраум-тимот (Freiraum)
на организацијата „Контрапункт” од Скопје, како и Фрајраум-тимот (Freiraum)
тимот на Фестивалот за архитектура во Копенхаген снимија филм во градот со кој се во тандем.
„Контапункт“ го набљудува градот од перспективата на жителите на градот
кои емигрирале од Македонија за да го следат прашањето на Данците: Како „градот“ може да стане односно остане место кое осигурува разновидност и
соживот? Од друга страна,  данскиот Фестивал за архитектура бара во Скопје
одговори на прашањето како можностите за слободен живот во јавниот простор се
формираат и се менуваат со текот на времето. Двата кинематографски резултати ќе бидат прикажани на вечерта посветена на Фрајраум-проектот (Freiraum) на 07.12.2018 година.
Ова ќе биде проследено со говор на генералниот секретар на Гете-институт
Јоханес Еберт и дискусија со Елена Велјановска од Контрапункт, Сигне Софи
Богилд од Фестивалот за архитектура во Копенхаген и со публиката.

Тимот на Гете-институт се радува на Вашето присуство!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCrossSections | презентација на Башак Шенова
Следна објава„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР