Рустикалната декорација во домот, никогаш не престана да биде модерна …

Ваков вид на декорација секогаш е во мода, внесува ултиматифен комфор во било кој простор и речиси во секоја варијанта е најпопуларната новогодишна идеја.

Досега, имавме можност да видиме бројни варијации на тема- новогодишна декорација во ретро стил, меѓутоа, никогаш не сме имале можност да ги разубавиме нашите елки со овој незаменлив дизајн.

Сега ќе ви претставиме некои од најдобрите идеи за убава рустикална декорација во нашите домови за новогодшишната елка, со природни текстури и луксузни детали.

Кога станува збор за украсите и декорацијата, можете да ги користите ткаенините,  струготини, дрвени знаци, дрвени куќички или можеби вештачки птици, додека кој и да е од овие избори, автоматски ја правата вашата декорација рустикална.

Определете се за ленти од јута, украси создадени од овој материјал, волнени топчиња, дрвени занци со различни пораки и знаци, мали птици, рогови, шошарки од бор покриени со снег и позлатени, па дури и метална декорација. Поставете мали играчки, чорапи и ѕвончиња, за да завршите рустикалниот изглед со овие безвременски карактеристики.

Рустично и гламурозно или луксузно
За да ја направите вашата рустикална новогодишна елка гламурозна, едноставна идеја е да додадете блескави метални детали, сребро, бакар или златни орнаменти. Поставете позлатени шишарки или позлатени борови гранки и лакови, завршувајќи ја оваа идеја со блескави ѕвона на дрвото, создавајќи гламурозна завршница.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскапата слика на светот е изгубена!
Следна објаваХит аксесоар без кој не се може оваа зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР