Сликата на Леонардо да Винчи “Salvador mundi”, која минатата година беше продадена по цена од речиси половина милијарда долари, е “изгубена”, за што љубителите на уметноста му се молат на саудиското благородништво да ја потврди нејзината локација …

“Salvator Mundi”, ремек-делото на познатиот уметник не е видено во јавноста, откако музејот Лувр Абу Даби ја купи, преку Саудискиот крунисан принц, Мохамед бин Салман.

Сега, љубителите на уметноста, како и мајсторите кои работеа на нејзината реставрација, ја искажуваат својата загриженост за локацијата на оваа слика. Професорот Мартин Кемп, кој помогна за автентичноста на ова уметничко дело пред десет години, рече дека никој, надвор од тесниот круг на арапската хиерархија не знае каде се наоѓа оваа слика.

Во 2005 година, оваа слика беше купена за помалку од 10.000 долари за време на аукцијата што се одржа во Њу Орлеанс од страна на конзорциум на уметнички дилери, вклучувајќи го и Роберт Сајмон, специјалист во оваа област. На прашањето дали има идеја каде може да се најде ова петстотини години старо уметничко дело, тој изрази загриженост затоа што не добил никакви информации.

Како што веројатно знаете, на сликата можеме да го видиме Исус во сина одора, како држи кристална топка и гледа директно кон својот набљудувач. Оваа слика претходно била изгубена во минатото,кога колекционери ја купиле по намалена цена, со чувство дека тоа е оригинално ремек-дело на Да Винчи. Тие ја ангажираа Дајан Дуер и нејзиниот сопруг, кои ја вратија старата слава.

“Салавтор Мунди”, што во превод значи “Спасител на светот”, беше изложена во 2011 година, за време на драматичното откривање во Националната галерија на Лондон, каде што беше прогласено дека ова е прва оригинална новооткриена слика на Леонардо да Винчи за време на еден век.

После тоа, сликата требаше да биде изложена во новиот музеј Лувр во септември оваа година, но беше најавено дека нејзиното откритие е одложено, што ги загрижи експертите од уметноста.

Нема коментари за оваа тема ни од париска верзија на музејот. Можеме само да кажеме, дека целиот свет се надева дека кој и да ја има оваа слика, треба добро да се грижи за неа, бидејќи е стара половина век и е многу чувствителна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПристигнува осмата генерација на Porsche 911
Следна објаваКреирајте рустикална новогодишна елка!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР