Модните додатоци се клучот на секоја модерна кобинација во облекувањето.

Без разлика дали станува збор за брош, шал, ракавици, чанти, eшарпи, капи или шапки, модните детали секој ваш изглед го креваат на повисоко ниво.

Благодарение на добар и соодветен аксесоар, ниту една модна комбинација никогаш нема да изгледа исто, па затоа еве еден моден додаток кој есенските и зимските комбинации ги носи чекор понатаму – бајкерски качкет.

Кејт Мос, Сиена Милер и Дијана Кругер обожаваат да носат baker-boy капа. Оваа капа му дава на вашиот изглед една помалку детска дрскост, што ќе го направи вашиот изглед неодоливо кул.

Многу француски жени не можат да ги замислат своите комбинации без качкет на главата. Може да се изработени од кожа, волна или твид, еднобојни или со интересен дизајн.

Ако сеуште не сте сфатиле за каков вид на капа се работи, би било корисно да се знае дека овој тип на капа бил носен од момчињата на почетокот на 19 век, кои продавале весници на улиците на Њујорк.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреирајте рустикална новогодишна елка!
Следна објаваХит: Голем зимски шал!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР