Сите знаеме дека огледалата визуелно можат да ја прошират просторијата, но всушност прават многу повеќе од тоа.

Огледалата во нашите домови стануваат дизајнерски елементи, тие воведуваат рамнотежа или контраст во нашите животи, создавајќи извонредни централни точки во собите.

Во процесот на поставувањето на огледалата, се се базира на пропорциите кои  ги користиме, а вие подолу погледнете неколку идеи кои ви ги презентираме за да можат да ви помогнат, да ја олесните декорацијата на ентериерот со овие елементи:

Ѕидови во огледала

Овие ѕидови се идеални за дневни простории или спални, во зависност од целниот ефект. Млечните стакла ќе внесат посовремено чувство, додека античките предмети можат да создадат исклучителен простор.

Врати на плакарот со огледала

Ако станува збор за шик врамени парчиња, тоа ќе внесе детали и гламур на стариот свет, сосема доволно за да се создаде стилска средина без чувство на презаситеност.

Позадини во огледала

Добро вклопените позадини во огледала, создаваат совршен минималистички простор, додека античките предмети се идеални за ретро и безвременски ентериери. Млечните стакла се совршени за минималистички или арт деко ентериер.

Мебел и аксесоари во огледала

Постојат комоди, масички за кафе, регали и други парчиња мебел креирани од огледала, од било кој бренд или создадени преку проект – направи сам, секогаш ќе го претставуваат највозбудливиот елемент во просторот кој е истовремено гламурозен и шик. Дополнително, дури и чинии, вазни и огледални свеќи можат да ги донесат посакуваните и споменатите ефекти во секој простор..

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрадиционални кујни во класичен англиски стил!
Следна објаваНајнов `beauty trend` за мазна кожа на вашето лице!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР