Класичните англиски кујни се со беспрекорен стил и нудат неверојатен дизајн и најквалитетни материјали наменети за елементите од било која големина и завршница

Инспирирани од просторот за готвење во georgian стил “Bespoke Kitchens” од компанијата DeVol, ја продолжуваат традицијата на англиското занаетчиство во создавањето на квалитет без компромис. Класичната англиска кујна од оваа колекција има големи елементи дизајнирани за изклучителни простори со нешто поголеми  површини.

Големите скапоцени Arabescato Corchia мермерни плочи ја покриваат секоја работна површина, со нивните смели и драматични линии создаваат невообичаени површини, не само на работните елементите, туку и како вистински природни уметнички дела, особено кога се наоѓаат до прекрасните шпорети кои во еден момент стануваат извонредни позадини или темно зелено обоените sидови.

Широките класични англиски фиоки се целосно симетрични од една страна, додека употребата на традиционалните месинг рачки ја прави целата композиција да изгледа отмено и едноставно.

Тоа што овие кујни кои гледате ги чини дополнително посебни се нивните лични детали, интересни сегменти што корисниците можат да ги додадат кога ќе ги склопат своите конфигурации. Ако некој посака уникатни карактеристики, тој може да додаде нешто од личниот стил.

Покрај тоа, новата линија на кујни нуди рачно насликани внатрешни елементи како забавни и интересни детали, задолжени за додавање на разиграно чувство на прилично уникатните deVOL кујни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХуманитарен концерт на „Охридско лето“ со врвните руски уметници Синчук и Науменко
Следна објаваНајдобри начини за употреба на огледала кака декорација!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР