Топлите кадифени материјали и перници со текстури стануваат наши оклопи во есенската и зимска сезона. Но, не се работи само за работи што ги купуваме, туку за топло гнездо кое го создаваме за себе.

Еден поглед на совршено декориран простор може да нѐ потсети дека знаеме што се ни е потребно за секој ден.

Креирањето на комфор со декоративни елементи е главната ставка за внесување мир и спокојство во студениот период, оставајќи силен печат по долгиот и стресен ден. За некои луѓе, визуелната претстава на удобност доаѓа со ќебиња, наменети и  дизајнирани да создадат топол ефект, ментално и физички.

Создавањето на комфор, често се темели на тивки моменти што ги одвојуваме за себе, особено за време на многуте празнични денови, особено околу Нова Година, кога нашите друштвени календари ќе бидат исполнети со настани и собири и кога немаме премногу време да се справиме со нас самите.

Да се сочува личниот простор со прекрасна декорација и уживање во прекрасните мигови на мир и осаменост, секој ден или барем секој викенд, доаѓа како идеално решение за поврзување со внатрешното битие, со надеж дека ќе го прочистиме умот за дополнителен фокус на други работи што ни се подеднакво важни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНевиден гламур во новата кампања на Miu Miu!
Следна објаваОтркиен 2018 Dream Angels Fantasy Bra на Victoria’s Secret!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР