Српскиот детски филм „Аги и Ема“ на Милутин Петровиќ според истоимената книга на Игор Коларов ќе се емитува онлајн како Филм на неделата македонскиот стриминг канал Cinesquare, достапен во 13 земји од регионот, а во чест на српската актерска дива Милена Дравиќ која почина минатата недела на 79-годишна возраст.

Дравиќ оствари 159 филмски и ТВ улоги, а улогата на Ема е една од нив. Станува збор семеен филм од 2007 година. Топла приказна за пријателството на едно осамено момче Аги и една постара дама Ема. Напуштени од сите, овие двајца отпадници успеваат да се здружат и заедно да ја победат суровата реалност.

Филмот може да се изнајми во секое време по цена од 60 денари со регистрација на платформата, а може да се гледа во следните 48 часа од изнајмувањето.  

Cinesquare е платформа на база на видео на барање (Video on Demand) по принципот на HBO GO, Netflix, Amazon, која е активна во 13 земји од регионот (Македонија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Кипар, Турција, Словенија, Романија) и  е фокусирана претежно на европскиот независен филм. Cinesquare служи како едно големо кино кое ги поврзува 13-те земји од регионот. Оваа ВОД платформа е единствената која прикажува филмови од овој дел на светот. Во видеотеката во секој момент се достапни и голем број на македонски филмови, а има секција за вести и информации за македонски филмови, фестивали, поволности за снимање во Македонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе отвори “Ducasse sur Seine” – ресторан кој плови по Сена!
Следна објаваМистеријата на сините дијаманти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР