Модерна куќа во Бруклин
Што добивате кога ќе ги споите градскиот простор на Бруклин со мешавина на бои, мебел од различни епохи и инспирација од еклектичните домови на уметниците и модните дизајнери?
Ќе добиете еден совршен и шик Бруклин простор од студиото Луси Харис.
Харис е водечки креатор на истоимената фирма со седиште во Менхетен, позната е по тоа што создава модерни простори со освежувачка прегратка на бои.
Во овој простор, дизајнерскиот њујоршки модерен стил е обоен со различни традиционални влијанија од Англија, а беше совршен за создавање на дом, кој одеднаш стана личен и исполнет со визуелна убавина.