Брендот IPDesign од Кавадарци изработува уникатен и модерен дизајнерски  мебел, мебел по мерка и дизајнирање и уредување на ентериери.

Разговараме со г-ѓа Ана Китанов Јанева, дипломиран дизајнер на ентериери

Од кога постои оваа компанија, која се повеќе станува релевантен фактор на нашите простори?

IPDesign постои од декември 2009 година и заедно со мојот сопруг Александар ја водиме со голема креативност и ентузијазам. Самата работа во оваа компанија ми дава голема инспирација за делата што ги дизајнирам, а крајниот успех е задоволниот клиент. Денес, IPDesign е фирма која зад себе има голем број на успешно реализирани проекти, кои благодарејќи на мојот сопруг Алексадар, успеавме да изградиме успешна компанија, а наградата се убавите и модерни ентериери кои ги создаваме.

За кави се простории изработувате мебел, која ви е програмата?

Нашата компанија има производство на мебел, што значи дека се она што ние го замислуваме и проектираме, на крај го реализираме. Работиме на комплетно уредување на простори од секаков вид, станбени, приватни и јавни објекти и канцеларии. Ја создаваме комплетната слика за еден простор, од идеја до реализација.

Кој стои зад сите овие прекрасни модерни дизајнерски решенија, дали имате еден главен дизајнер или повеќемина?

Нашата компанија брои повеќе вработени, а зад нашите дизајнерски решенија стоиме јас и мојот сопруг. Нормално, во фирмата имаме вработени дизајнери кои работат по одредени насоки кои ние им ги даваме, бидејќи добро ги знаеме нашите клиенти. Стилот што сме го изградиле и по кој сме препознатливи, мора да го задржиме и во иднина.

Која Ви е инспирацијата и каде ја ноѓате?

Инспирацијата доаѓа од нас самите, од стилот кој го негуваме, од се она што го гледаме и во се што препознаваме естетика. Ги следиме новите трендови во дизајнот, одиме на саеми за мебел, секоја година одиме во Милано, јас се надградувам како дизајнер следејќи ја естетиката и дизајнот низ Италија, Франција… Трендовите не ги користам секогаш, во ентериерите ја користам мојата инспирација и гледам да ја создадам приказната која ја бара клиентот.

Која ви е целната група на нарачателите на вашиот мебел, како и на уредувањето на ентериерите?

Најчесто работиме за млади и модерни луѓе, клиенти кои ја разбираат естетиката и најбитно, ми веруваат.

Дали работите само во Македонија или и надвор од неа?

Комплетно уредување на ентериери работиме само во Македонија, додека во Швајцарија извезуваме кујни по мерка, каде се бара врвна естетика и изработка, а ние како компанија ги исполнуваме сите нивни барања.

Кои се наредните планови на IPDesign?

Планираме да набавиме машини за изработка на мебел од највисока технологија, за изработка на тапациран мебел.

Дали ќе бидете застапени на скорашниот Саем на мебел во Скопје и со која колекција?

На Саемот за мебел во Скопје нема да учествуваме, но секако, секоја година го посетуваме и сме во тек со сите новини кои се присутни на самиот саем.

Во последно време отидовте и чекор понатаму во уредувањето на ентериерите, работите со најновите светски трендови на италијанската техника за sидови, Rivedil Wall italian decor и расветни тела на Diesel Light | EGLO | 

Да, тоа е точно, бидејќи за ентериерите многу е важно осветлувањето. Нудиме комплетно реализирање на расветни тела од дизајнерски брендови, каде секое парче има специфичен дизајн. Самата италијанска техника која ја нудиме, создава уште подобар ентериер каде целосно доаѓа до израз нашиот уникатен дизајнерски мебел. Италијанците се врвот во дизајнот, затоа и најчесто ги посетуваме и сме во тек со нивните трендови.

Кои се можностите и дали е расположен нашиот народ да инвестира во модерен и истоверемено практичен дом?

Нашиот народ е модерен и знае што сака. Нашите клиенти се модерни луѓе кои ни веруваат во креирањето на нивниот простор. Покрај визуелниот момент, ние се трудиме истиот простор да биде и функционален.

Како дизајнер, моето око најпрвин ја создава естетиката, потоа функционалноста, а крајниот резултат е секогаш одличен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваZaha Hadid Architects дизајнираат супер модерна концертна сала во Русија!
Следна објаваЖивот со стил во Сан Франциско!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР