Кујната се смета за срцето на домот не само во древното учење на фенг шуи, туку и кај сите стари култури. Фенг шуи мудроста додава елементи во вашата кујна, кои ја одразуваат состојбата на вашето здравје, како и привлекување на протокот на богатство и изобилство во вашиот живот.

Кујната е исто така дел од фенг шуи триаголникот – спалната соба, бањата и кујната – која е директно поврзана со состојбата на вашето здравје и благосостојба.

Но, што правите, кога вашата кујна е многу мала и изгледа несредено цело време или не можете да најдете доволно простор за сите ваши кујнски материјали?

Одлучете се за минимум со кој можете да се извлечете и да имате “место за сè”. Знаеме дека ова е многу полесно да се каже отколку да се направи, но видете дали можете да отфрлите некои предмети за да ја подобрите енергијата на фенг шуи во вашата кујна.

Еден фенг шуи елемент кој обично функционира за мала кујна е да имате некои отворени дисплеј полици. Овој мал фенг шуи трик отвора мал, ограничен простор и ја осветлува енергијата со создавање на подобар проток.

 

Во мала кујна доброто осветлување станува круцијално, затоа не се ограничувајте само на типичните тавански светла. Експериментирајте со различни нивоа на осветлување и почувствувајте ја промената на енергијата која секоја од нив ја носи.

Огледалата, се разбира, се еден од најдобрите фенг шуи решенија за мали простори затоа и се нарекуваат аспирин на фенг шуи! Најдете начин да поставите огледало во вашата кујна, така што ќе донесе повеќе светлина и визуелно ќе го прошири просторот.

Најмногу од сè, чувајте го просторот чист и едноставен, пронајдете многу начини како да се чувствувате пријатно и да ја сакате вашата мала кујна.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересни светски дестинации за авантуристи и пасионирани фотографи!
Следна објаваЕлегантни црни sидови во вашиот дом!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР