Неколку чекори за создавање Wabi-Sabi дом

 “Wabi-Sabi” е јапонски термин кој во суштина значи да се најде убавина во несовршенството. Wabi се однесува на живеење со понизност и едноставност, да се биде едно со природата, додека sabi се дефинира како способност да се прифати животниот циклус.

Во контекст на дизајнот на ентериер и декорација, wabi-sabi домот е оној кој ја прифаќа автентичноста и промовира целокупно чувство на мир и спокојство користејќи ја едноставноста.Наместо секогаш да додавате најнова сјајна работа или опсесивно да ги направите сите детали совршени, wabi-sabi наоѓа хармонија во автентичноста и несовршеноста. Со други зборови, тоа може да биде противотров што го барате во хаотичниот, совршенски опседнат свет во кој живееме.

Се разбира, апстрактните идеи како wabi-sabi не се секогаш лесни за применување, па така ќе ви понудиме неколку основни совети и трикови што можете да ги искористите, што ќе им даде на вашиот дом атмосфера, чувство на добра вибрација која сите ја сакаме.

  1. Вклучете ги занаетчиството и homemade декорациите

Wabi-Sabi е за прифаќање и славење на автентичноста секаде каде што може да се најде, a нема ништо по-автентично од домашен декор и занаетчиски акценти.

  1. Донесете ја надворешноста во домот

Органските материјали и елементите од природата се главни компоненти на домот Wabi-Sabi и носат универзално добри вибрации. Дополнително, природните нечистотии што се наоѓаат во растенијата, дрвото и каменот се одлични дневни потсетувања за убавината што може да се најде во несовршенството.

  1. Декорации кои не совпаѓаат

Не е потребно сè да биде совршено наредено и ултра-кохезивно цело време. Всушност, кога се е совршено наредено, може сериозно да го намали карактерот и атмосферата на домот.

4.Вратете се кон основите

Ваби-саби сензибилитет е оној кој ги чува поседувањата на минимумот, поканувајќи ги само оние работи што носат носталгија, убавина, корист или комбинација од сите тие во домот.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 совети за избор на уметнички дела за секоја соба одделно!
Следна објаваИнтересни светски дестинации за авантуристи и пасионирани фотографи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР