Едно од најчесто поставуваните прашања кои ги добивааат дизајнерите на ентериери  е “Како да го одберам вистинското уметничко дело за домот”?

Ние ќе ви понудиме неколку совети за да се осигурате дека ќе го изберете вистинското парче за одреден простор. Уметничките дела се оние што помагаат да се дефинира личноста на сопствениците на куќата и просторот. Тоа е корисно и за поврзување на ентериорот со одредени делови во домот, како и за создавање карактер на домот.

  1. Кујна

Една од најчесто заборавените соби во смисла на уметнички дела, е кујната. Кујната честопати се нарекува “срцето на домот” и во многу случаи, таа е најкористената соба во куќата. Нема сомнение, уметноста треба да се приклучи тука. За да се задржи уметноста во детали, кујната треба да биде простор за помали парчиња кои се надополнуваат, а не да го преоптоваруваат просторот.

  1. Спална соба

Спалната соба е место за повлекување, релаксација и уметничкото дело треба да го одрази тоа. Најдобрите ѕидови за уметност во спалната соба се директно над креветот или на ѕидот спроти креветот. Големи парчиња се најдобри и треба да бидат обесени на ниво на очите. Барајте апстрактни парчиња со смирувачки бои или тонови. Ако сакате фотографија, пејзажите или десатурираните фотографии најдобро функционираат.

  1. Канцеларија

Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, уметноста е одличен начин да го персонализирате вашиот простор и да се инспирирате. Нашиот омилен начин да го направите ова е создавање на ротирачка галерија. За да почнете, потребна ви е полица, по можност над вашиот работен простор или блиску до него. Убавината на ова е тоа што тоа е единственото нешто што ќе мора да виси! Следно е забавниот дел, можете да одберете асортиман на уметнички дела што ве инспирираат. Замислете распоред на позитивни слики или дела од уметници кои ве инспирираа.

4. Уметнички дела во бањата

Бањата е друга соба која често се запоставува кога станува збор за уметнички дела. Уметничките дела што ќе ги изберете треба да одат со атмосферата на тоалетот. На пример, ако таа е соба на главното ниво, треба да се држите до повеќе забавни и светли парчиња. Ако тоа е бања која ја користите само вие, одете со спокоен или смирувачки парчиња.

5. Дневна соба

Најинтересната соба за декорација со уметнички дела, но и најмногу деликатна е дневната соба. Повеќето од нас чувствуваат голем притисок, бидејќи таа е собата во која најмногу време престојуваме, а и соба во која со нашите гости се дружиме. Изборот на вистинското уметничко дело е елементарно, како во атмосферата на просторот, така и во провокациите за разговор. Можете да се одлучите за едно големо дело или да создадете голем галериски ѕид со помали парчиња.

Уметнички слики на Михаил Корубин

Галериски sид

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDon Gummer вајар и сопруг на Meryl Streep!
Следна објаваНовиот тренд Wabi-Sabi дом!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР