Ако некогаш сакате да се збуните, тогаш слободно погледнете ги сите варијации на дефиниции кои се однесуваат на современиот дизајн …

Дизајнерот на ентериери Лех Рурке, претстави една од најдобрите дефиниции што можеме да ги добиеме за современиот дизајн: “Современиот дизајн се однесува на сè што е популарно или се користи во одредено време, тој постојано се менува и позајмува делови и стилови од многубројните ери.”

Како таков, тој може да биде еклектичен и променлив од година во година. Во моментов, овој правец има неутрални бои, минималистички примеси, контрастни текстури и искривени линии.

Можете да научите повеќе за модерниот дизајн, а ако уживате во овој стил, подолу ќе ви ги претставиме најдобрите начини за негово применување во пејзажната архитектура и вашиот екстериер.

Геометриски огради
Градината што ја гледате го претставува самото значење на современиот надворешен дизајн. Иако нејзините ѕидови немаат закривени линии, кои инаку би ги виделе во денешните современи стилови, оставените отворени конструкции слични на оваа, го одржуваат чувството на минимализам и го дефинираат моменталниот современ дизајн. Во прилог на чистите дрвени огради, доаѓа чакалот заедно со плочите на пристапните патеки, дополнително обликувајќи ја минималистичката тема на целиот простор.

Контрастни текстури во модерен пејзаж
Контрастните карактеристики претставуваат главни црти на современ модерен дизајн. Можете да забележите дека сите нови згради имаат фасадни сегменти со одважни контрастни текстури, како метални страници и дрвени елементи. Оваа идеја може да се пренесе на нашите современи екстериери и пејзажи, додека фотографијата погоре е пример за комбинирање на природните текстури, хоризонтално поставена дрвена ограда и геометриски метални елементи на влезот.

Светли неутрални бои
Друг аспект на модерениот дизајн се светлите, неутрални бои. Можеби чувствувате дека светлите бои го прават надворешниот простор стерилен, меѓутоа, примерот што го гледате погоре го зборува спротивното. Прекрасните бели палети ја отвораат оваа површина, додека осветлената ограда во позадина го продолжува дизајнот во сличен манир. Дрвените места за седење и за растенијата, му обезбедуваат на овој екстериер изобилие на природни текстури и живи карактеристики.

Минималистички простори
Ако имате мал надворешен простор, современиот дизајн е создаден само за вас. Благодарение на своите минималистички корени, современиот дизајн во моментов овозможува создавање на прекрасен дизајн кој нема да го направи надворешниот простор презаситен. Современиот пејзаж што го гледате погоре користи неколку јасно дефинирани елементи кои доаѓаат во совршен контраст и флуиден баланс, истовремено.

Креативна употреба на камења
Друг начин за воспоставување на модерен пејзаж е употребата на камења. Просторот погоре, прикажува совршеното користење на кружните сиви камења. Тие создаваат чувство на закривени линии, клучни ставки на современиот дизајн. Камените елементи се комплементарни со цементните топки лоцирани на крајот на пристапната патека.

Скулпторски детали
Ако сакате современ пејзаж, обидете се со додавање на скулпторски елементи. Ова е многу лесен начин за вклучување на закривени елементи во отворен простор со природни карактеристики. Користете ги за да постигнете контрастни текстури или да ги измешате материјалите за посилен ефект. Оградата на фотографијата погоре, претставува совршен пример за акцентирање на современите детали. Брановидните модели создаваат заоблени линии што се гледаат во современиот дизајн, додека празнините внесуваат чувство на класичен минимализам.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTom Ford презентираше гламурозна колекција за пролет / лето 2019 година!
Следна објаваМасички за кафе во секој ентериер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР