Зошто е важно децата да ги научуте да штедат?

Зошто е важно децата да ги научуте да штедат?

Каков однос ќе има детето кон парите зависи од воспитувањето, а децата ја разбираат нивната вредност веќе од 10 години, покажува британското истражување.

На овие години децата разбираат дека парите се заработуваат, дека ги нема во неограничени количини и дека е важно да се штеди. Седум проценти од родителите мислат дека нивното дете го разбрало концептот на пари веќе со пет години.

Истражувањето вклучувало 500 родители и деца на возраст од 5 до 15 години. Секој четврти родител се пожалил дека не го научил значењето на финансиското планирање во детството, а речиси една третина рекле дека би сакале нивните родители да ги научиле колку е важно да се штеди уште кога биле мали.

Па сега со своите деца ја исправиле таа грешка, а само 13 отсто рекле дека не го научиле детето за значењето на парите. Повеќето родители (85 проценти) сметаат дека е нивна одговорност да го научат детето да штеди, а секој десетти смета дека училиштето е задолжено за тоа.

Дека децата ја разбираат важноста на штедењето, покажува бројот од 89 проценти на момчиња и 77 проценти од девојчињата, кои кажале дека би сакале да штедат во иднина.
Одговарајќи на прашањето зошто сакаат да заштедат пари, речиси секое второ дете кажало дека сака да купи слатки и играчки. Секое трето дете заштедува да купи подароци за членовите на семејството, а секое петто мисли однапред за колеџот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGucci Pink Heart Arrow Broadway- Совршена торбичка!
Следна објаваВечерва на Охридско лето: Свечено затворање Tеатарска претстава „Илијада“ од Хомер
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР