Gucci чантите се без сомнение симбол на вистинска модна екстраваганција, а тоа  што ги прави уште поатрактивни е нежната нота и романтиката која модниот волшебник Alessandro Michele, суптилно ја вградува во секое дизајнирано парче на оваа фирентинска модна куќа.

 

Неодоливата клач торбичка во форма на срце, изработена од блескав розов плексиглас, ја издвоивме од магичната ризница на луксузниот италијански бренд.

Во торбичката можете да ги ставите сите неопходни слатки мали работи, неопходни за вечерно излагање. Торбичката е во форма на срце кое е избодено со златната  стрела на Купидон, а ланецот е креативно декориран со ренесансните симболи на небесните тела.

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР