Кина е земја полнa со разновидност, а голем број места со право го носат епитетот необични.
Едно такво невообичаено место во оваа најнаселена земја во светот е селото Наџиава, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Кина, а го нарекуваат и Село со невидлив оган.

Имено, тоа село е лоцирано на огромни резерви на метан, а воздухот е толку презаситен од метанот што дури и најмалата искра може да предизвика оган од огромни размери.

Селаните со години научиле да живеат во “заедница со метанот”, па дури успеале да го искористат метанот за некои од нивните потреби. Се разбира, сè што работат  во селото, работат со голема претпазливост, за случајно да не ја изгоруват целата заедница.

Метанот кој може да се најде во воздухот, всушност, доаѓа од земјата, извира од земјата, што резултира со спонтани пламени низ селото. Концентрацијата на метан е толку голема што никој во селото не смее да помисли да запали ќибрит, цигара или да користи било каква електрична опрема.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да се отстранат флеките на кожата!
Следна објаваБермуди – рај со скриени плажи!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР