Центар за култура Григор Прличев

10.08.2018

21:00 ч.

„Калина Брајковска, со радост им пркоси на обликот и формата. На овој начин најкратко би ја дефинирал уметноста на Калина, односно нејзиниот простор и бојата во заедничкиот контакт на прикажаното. Во времето кое стои помеѓу нас и класичниот сликарски пристап, Калина е на границата помеѓу двата света, оној кој заминал и оној кој доаѓа. Нејзиниот гест е израз на контраста помеѓу сѐ околу нас, тоа е приказ сличен на земјата на Петар Пан.

Сегментот на оваа изложба е полната колоритна линија која е пуштена на слобода, во потрага по нови форми на психологијата на виденото… Колоритот го нагласува карактерот и времето за себе, создавајќи форми на ослободени фигури.

Сликата сама по себе носи симбол и знак кој означува различни типови на знаци сумирани во визуелен настан. Карактерот на сликата соодвествува на идејата дека уметницата е во потрага по мотиви во сопствениот естетски двор.Таа е свесна дека сликата е видлив израз во кој треба да се открие длабочината на душата отелотворена во личната уметност. Сликите претставуваат апстрактни одеци кои постануваат интересно искуство на време, настан и чувствување… Изразот не го поврзува гледачот со совршенството туку со отворените феномени што влегуваат во визуелната уметност. Ведрината, упорноста и квалитетот на ликовниот израз на Калина остава длабок впечаток.

Моја искрена препорака до публиката е: – Погледнете убаво… има што да се види! “

Горјан Ѓорѓиев

Калина Брајковска, дипломирала на Филозофскиот факултет на отсек историја на уметност со археологија со висок просек. Живее и работи во Скопје, се занимава со применета уметност (дизајн) и сликарство од мала возраст. Реализирала повеќе изложби од кои позначајни се: групна изложба во галеријата на НЛБ Банка, дизајн на парчиња облека  на неделата на дизајн во Куршумли Ан – Скопје, изложба во фоајето на МКЦ Скопје, изложба на саемот за дизајн во Торино (Дизајн на парчиња облека), самостојна изложба во Галеријата на Младинскиот културен центар – Скопје, самостојна изложба во кафе – галерија Концепт 37 – Скопје.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР