Веројатно во еден момент сте посакале да имате ентериер во домот, како оние што ги гледаме во сериите, емисиите и списанијата, кои се занимаваат со оваа тема. Иако верувате дека таков изглед тешко може да се достигне, ние ви претставуваме неколку начини на кои можете да го разубавите својот ентериер и да го трансформирате во оаза на луксузот.

Наместо голем камин на дрва, поставете електричен. Електричните камини се идеални за внесување луксуз во ентериерот, кој не чини многу, колку што е инсталацијата и изградбата на традиционален камин. Можете да одберете модел кој има место за телевизор, некој кој има класичен стил или некој кој е повеќе ориентиран кон минимализмот и футуризмот.Огледалата се идеални за создавање на илузија во просториите со мали димензии. Купатилата со огледала што го покриваат целиот ѕид изгледаат гламурозно и луксузно, без многу проблеми. Ако додадете големо огледало во вашето фоаје и го опкружите со помали, ќе создадете вистинско ремек-дело.

Споделувањето на обрoците со семејството и пријателите е долгогодишна традиција, достојна за спектакуларна трпезариска маса. Можете да одберете традиционален модел околу кој се собира семејството или долга маса со клупи која емитува  чувство на заедница. Ако сте во можност да одберете маса со рачно изработени детали, лесно ќе ја претворите трпезаријата во топла и модерна оаза.

Вашиот дом не мора да стане уметничка галерија за да се истакне со креативност. Одберете само неколку дела од уметници кои ги сакате и распоредете ги во вашиот дом, со цел да создадете возвишена атмосфера.

Сепак, на крајот мора да знаете, дека ништо не може  полесно да го внесе или да го одземе луксузот на вашиот дом од лустерот. Ве советуваме да инвестирате поголема сума пари во вашето осветлување, бидејќи сè друго што домот го поседува, колку и да е скапо, нема да изгледа добро под лошо осветлување. Исто така, запомнете дека секоја соба или зона на ентериерот бара поинакво осветлување, а треба подеднакво да посветите внимание при изборот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата кампања на Zara инспирирана од Истокот!
Следна објаваФеноменалната колекција на Gucci Décor!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР