Ако размислувате за декорација и редизајнирање на вашиот дом, секогаш мора да имате предвид некои свежи трендови и идеи кои модерниот дизајн ги нуди …

Досега, имавте можност да видите некои идеи за убав мебел кој може добро да дојде во секој ентериер, но сега сакаме да претставиме повеќе опции кои можат да се вклучат и да се земат предвид во современата декорација на домот.

Асиметрија
Иако симетријата се смета како најдобра идеја за визуелно зголемување на просторот, таа исто така го прави вашиот ентериер сосема обичен. Асиметријата, придонесува за друг визуелен интерес кој може да го направи вашиот простор порелаксиран и помалку формален.

Таквите асиметрични елементи во декорацијата веднаш можат да го привлечат вниманието кон себе и да го нагласат карактерот на вашиот дом. Тоа можат да бидат галериски ѕидови,  асиметрични парчиња мебел, камини и бројни додатоци, додека асиметријата може да се примени и на прозорците, кои стануваат неверојатна архитектонска структура, храбра и интересна идеја која можете да ја испробате.

Мешани метални финиши
Спарените метални елементи отсекогаш се сметаат за голем проблем кој бара многу време и секогаш треба да барате парчиња што се вклопуваат, но во овој случај, можете слободно да заборавите на сето ова и да започнете сосема поинаков начин. Комбинираните метални завршници станаа одличен тренд, а се повеќе простори зависат од нив.

Се разбира, постојат неколку правила кои мора да ги следите и да ги примените за да постигнете стилски изглед, а тие не се тешки. Одберете го доминантниот метал кој ќе биде главен, а потоа според него додадете ги другите метални финиши, кои треба да бидат идентични за да го обединат изгледот и да го нагласат дизајнот на доминантниот метал.

Негативен простор
Негативниот простор е уште една идеална идеја. Тоа дури и не е тренд, тоа е безвременско решение кое секогаш функционира. Тоа се точки во кои ништо не постои, психолошки задоволувачки и нудат пообемен изглед на собата, што е нивна најголема предност.

Негативниот простор во секој ентериер може да се искористи за да создаде похармоничен изглед. Со цел да се создадат доволно вакви површини, неопходно е да се задржи внатрешноста ослободена од секаков вишок и да се користи мебел со двојни функции. Негативниот простор може да го нагласи декорот кој го поседувате, создавајќи чувство на светлина и визуелно поголема просторија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатување: Paradiso Ibiza – уметнички хотел со многу стил!
Следна објаваСофистицирана модна линија на “Kaftan Studio”!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР