Секој сопственик на милениче знае дека тоа суштество брзо станува дел од семејството …

За среќа, постојат многу добро смислени начини како да ги интегрираме сите потреби на нашите крзнени миленичиња во архитектурата и дизајнот на нашите ентериери.

Ви нудиме три подобрувања во домот кои можат многу да ви помогнат …

Совршена идеја се чинии на извлекување сокриени во елементите, се додека не се појави потреба за нив …

Вградени кревети за миленичињата
Креирање на кревети за миленичиња во постоечките парчиња мебел, може да го олесни вашиот и нивниот живот. Со овој потег ќе ги минимизирате визуелните пречки создадени од предметите кои им се потребни на вашите миленичиња и им обезбедувате сигурен простор. За разлика од обичниот кревет што го поставувате на подот, вградените елементи за вашето домашно милениче претставуваат вистинско засолниште, секогаш кога им е потребно.

Направете порта за куче
Исто како што можете да имате средина прилагодена на вашето домашно милениче, постојат области кои сакате да ги заштитите од вашето крзнено милениче. Определете се за вградена порта, која можете да ја прилагодите во однос на висината, формата и материјалот, со цел да се интегрира во дизајнот на амбиентот кој ги дели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни комбинации кои ќе ги носиме во јули!
Следна објаваНови графити на планетарниот “Banksy” во Париз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР