За некој ден почнува најтоплиот месец во годината, кој патем е идеален за експериментирање со најразлични модни стилови. Всушност целта е да се изгледа што попривлечно како и урбано и модерно во исто време. Ние во оваа прилика издвоивме неколку модни комбинации кои веруваме ќе ви се допаднат и ќе ги облечете во тек на престојниот месец.

1.Макси фустан

Без разлика дали станува збор за свечена прилка или за обично излегување, макси фустанот е парче на гардероба кое со сигурност нема да погрешите ако го облечете. Удобен и лелеав, тој е идеален за топлите летни денови кои претстојат. Ако изберете фустан со цветен принт имајте во предвид дека не се потребни додатни стилизирања, бидејќи самиот дизајн е доволно впечатлив сам по себе. Кожените сандали се одлична модна комбинација за ваков “outlook”.

 

2.Линии-(пруги)

Пруги, пруги, прги..Па лето е нели! За да бидете уникатни и впечатливи со својот изглед ви предлагаме да облечете комбилизон во линии или пруги. Што се онесува до чевлите или сандалите нема ограничување во изборот сите бои одговараат на овој дезен.

3.Жолт фустан

Летото е како резервирано за посветлите бои. Ова лето вашиот избор нека биде жолт фустан.. Бојата е пријатна за око и воедно е елегантна и можете да ја комбинрате со скоро сите бои, слично како и белата.

4. Дезени со точки

Весел, разигран дизајн секогаш актуелен, кој е присатен во женската гардероба. Уникатен стајлинг за дамите кои сакаат да изгледат безпрекорно и шик. Секако од голема важност е комбинацијата да се усогласи со бараниот дрескод.

 

5.Тантелa

Тантелата е еден од материјалите кои почесто се носи во летниот период. Здолништа, блузи, кошули… Што и да одберете сигурно ќе бидете приметени каде и да се појавите.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР