Тајната на едно ремек-дело!

Најраната слика на Леонардо да Винчи е откриена по 600 – тини години.

Да Винчи е роден на 15 април 1452 година, што значи дека ренесансниот гениј би бил околу 18 години ако откриената слика е негова.
Делото е насликано на глазирана плочка, популарна ликовна форма во Европа во 15 век.

Самиот потпис е премногу мал за да се види и прочита со голо око, така да морал да се открие со лупа, бидејќи истиот бил делумно размачкан при печењето на плочката.

Експертите тврдат дека на сликата Archangel Gabriel го откриле потписот ‘Da Vinci Leonardo 1471’.

Овој портрет на Архангел Габриел може да биде првата слика на Леонардо да Винчи, тврдат италијански научници.

Професорот по историја на уметност, Ернесто Солари, кој го најави ова откритие во Рим, рече: “Протоколот на времето не бил да се потпишуваат ваквите плочки”.

“Можеби затоа потписот е толку мал … било кој поголем би ја расипал естетиката на сликата”.

Солари, потрошил три години анализирајќи го ова дело.

“Благовештение”, насликано во 1472 или 1473 година, во моментов се смета за најрано дело на Да Винчи

Сликата е во сопственост на аристократско семејство, од италијанскиот град Равело, коe ја примило на подарок од Војвотката на Амалфи во 1499.

Бонфантино, кој ги анализирал сите потписи на Да Винчи, вели дека делото од 1471 година потсетува на уметникот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРетро кул колекција New Wave на Louis Vuitton!
Следна објаваЛуксузна облека за плажа!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР