Секогаш оргиналната и интригантна јапонска уметница Yayoi Kusama која е обожувана ширум светот и со својата најнова изложба-инсталација повторно успеа да ги “шокира” своите фанови. На триеналето во”NGV”(National Gallery of Victoria) кое се одржува во Мелбурн, Австралија таа ја постави својата необична инсталација под наслов “Цветен вирус”, со која ја покажува својата најнова опсесија а тоа е цвеќето. Се чини дека репетитивните модели владеат со умот но и со просторите кои ги обликува Kusama, а овој пат е ова е нејзината цветна опсесија. Интересено е да се спомене дека оваа инсталација кореспондира со нејзините најрани творечки дела кога експериментирала со својот однос кон бесконечноста.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР