Пред да патувате дознајте ги обичаите на земјата која ја посетувате!

Пред да патувате дознајте ги обичаите на земјата која ја посетувате!

Невообичаени обичаи на туристички земји низ светот …

Туристите често пати се изненадени од некои локални обичаи во земјата која ја посетуваат.

Веб-страницата “Летај во Дубаи” објави обичаи од целиот свет, кои може да ве шокираат, со цел да им дадат инструкции на своите туристи како да се однесуваат.

Ако патувате во Грција, треба да имате во предвид дека повеќе места имаат лоши канализациски цевки и тоалетната хартија не може да отиде кога ќе пуштите вода.

За Американците е типично да бараат бакшиш каде и да одите – од келнери до вработените во хотелот. Се очекува да дадате помеѓу 15 и 25 проценти од сметката.

Во Јужноафриканската Република мора да го издете тоа она што ви е сервирано, во спротивно, тоа може да се сфати како знак на непочитување и може да го навреди локалното население. Локалните племиња ќе ве почестат со специјални јадења кои најчесто се готвени од инсекти или органи од животни.

Тие кои патуваат во Истанбул, се советуваат да понесат чепичиња за ушите, бидејќи секој ден многу рано би можело да ги разбиди звукот на езана, која се шири по Истанбул од голем број џамии.

Во Полска ќе мора да платите за одење во тоалет, па затоа спремете ситни пари.

Во Кина не важи западната политика “изеди се од чинијата”. Ако тоа го направите,  домаќинот ќе помисли дека сакате повеќе храна и повторно ќе ја наполни вашата чинија, се додека не оставите дел од храната во чинијата.

Ако користите воз во Индија, мора да бидете подготвени на тепачка при влез во возот. Но, остатокот на возењето ќе биде пријатен, бидејќи тие се многу културни и ќе ви се извинат доколку случајно ве допрат.

Мексиканците се многу срдечни луѓе и немојте да се изненадите ако некој од нив ви се “внесе во лице” додека разговарате. Додека во Англија или Германија тоа се смета за напад, кај Мексиканците тоа е израз на пријателство.

Французите сакаат да се бакнуваат и при секое поздравување, тие ќе ве бакнат два пати во образ.

За разлика од повеќето земји, во Бугарија, движењето на главата лево-десно значи “да”, а нагоре-надолу значи “не”.

Пред да ги спремите патните торби и кофери, запрашајте се за земјата во која патувате и за нејзините обичаи, за вашиот одмор да биде пријатен колку што е можно повеќе.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Летен саем на книгата“ во Скопје Сити Мол
Следна објаваУбавината на несовршеноста!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР