?Драги љубители на пишаниот збор, ?

Од 07.06 па сѐ до 13 јуни во организација на Скопје Сити Мол и Здружението на издавачите и книжарите на Македонија ќе се одржи “Летен саем на книгата“, на кој ќе бидат понудени илјадници наслови од различни жанрови и автори.

Традиционално секоја година во пресрет на летото и летните одмори, Скопје Сити Мол ја збогатува својата понуда за посетителите со книги. Овогодинешни учесници на саемот се: Просветно Дело, Икона, Детска Радост, Матица, Магор, Нампрес, Логос А, Бата Прес и издавачката куќа Венеција, што гарантира извонреден избор на книги и стручна литература по специјални саемски цени.

Покрај продажниот дел, саемот е збогатен со детско катче, игри на социјалните медиуми и други изненадувања. Саемот се одржува во приземјето на Скопје Сити Мол, а сите љубители на пишаниот збор може да го посетат секој ден од 10:00 до 22:00 часот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни бели фустани како замена на класичните венчаници!
Следна објаваПред да патувате дознајте ги обичаите на земјата која ја посетувате!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР